Софија Гоџа од Италија е победник на денешниот спуст кој се возеше во Сент Мориц во Швајцарија. Одличната Гоџа беше најбрза со време од 1:28.85, пред Словенката Илха Штухец која заврши со време од 1:29.28, додека Кира Веидле е трета.

Утре е на програмата супер џи трката, а во генералниот пласман води Михаела Шифрин со 475 бода токму пред Софија Гоџа со 425 поени.