Додека е во потрага по нов ангажман откако доби отказ од Манчестер Јунајтед, а по дебаклот на Португалија од Мароко на Мундијалот, Кристијано Роналдо веќе неколку денови тренира во тренинг кампот на Реал Мадрид заедно со дел од играчите на кралскиот клуб, каде ја одржува формата. Дека уште е “гладен“ за фудбал најдобар доказ е една видео снимка на која тој покажува дека и натаму е голем фудбалски мајстор.

Инаку познато е дека за Роналдо постојат неколку опции за трансфер. Се споменува Челзи, а исто така во „игра“ се и клубови од С. Арабија и Катар. А кој знае, можеби и дефинитивно ќе се врати меѓу „кралевите“?