Хрватскиот селектор Златко Далиќ направи неколку измени во составот за пресметката против Мароко за трето место на Светското првенство во Катар.
Далиќ во одбраната ги уфрли Станишиќ и Шутало, кои ќе дебитираат во Катар, а Иван Перишиќ од крило е преместен на позицијата лев бек.
Почетниот состав на Хрватска во битката за трето место изгледа вака: Ливаковиќ, Станишиќ, Шутало, Гвардиол, Перишиќ, Модриќ, Ковачиќ, Мајер, Крамариќ, Оршиќ, Ливаја.
Инаку, Хрватите никогаш не примила гол од африканска селекција на мундијалите. Кај Мароканците нема да стартува Унахи кој изненади многу со игрите во Катар, нема да игра ни Мазрауи, капитенот Саис е на клупа, останатите ѕвезди тргнуваат од прва минута.