Фудбалерите на Баер Леверкузен триумфираа со 2-0 против Лајпциг во 29. коло од германската Бундеслига и останаа во трка за топ-4 позициите кои водат во Лигата на шампиони (ЛШ).
Лајпциг доминираше на гостувањето во Леверкузен, но не ги искористи своите шанси, а првата казна стигна во 40. минута преку Хложек, додека победата на Баер ја потврди Амири од пенал во финишот од натпреварот.
„Фармацевтите“ имаат 47 бодови по 29 одиграни меча, односно четири помалку од Лајпциг и пет од Унион Берлин кој е четврти на табелата.