Наполи триумфираше во дербито против Јувентус во Торино со 0-1, а во главна улога беше Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец асистираше до Џакомо Распадори во 93.минута, а тој успеа да ја испрати топката во мрежата на Јуве.
Наполи сега има 78 бода на врвот на табелата во Серија А.
Претходно, Анхел Ди Марија постигна гол за Јувентус во 83.минута, но по прегледување на ВАР – снимката не беше признат поради фаул над Лоботка во зачетокот на акцијата на „старата дама“ во своето поле.