Шпанскиот првак Реал Мадрид си поигра сериозно со нервите на своите навивачи на дуелот против Алавес, но на крајот сепак успеа да оствари победа со 3-2. „Кралевите“ до 85.минута имаа предност од 3-0, а во финишот „висеа“ трите бода и дали воопшто ќе победат.
Лукас Васкес го отвори резултатот во првата минута, а Килијан Мбапе пред крајот на првото полувреме зголеми на 2-0. Родриго во 48. минута по еден извонреден соло пробив третпат ја затресе мрежата на гостите.
Но, потоа следуваше голем пад на Реал, па Алавес дојде до 3-2.
Карлос Бенавидез во 85. минута постигна гол, а во следната минута погоди и Кике Гарсија.
Реал Мадрид мораше да ја зацврсти одбраната до крајот, но сепак успеа да ги обезбеди трите бода.
Севиља ја оствари втората сезонска победа, на својот „Рамон Санчез Писхуан“ против тимот на Ваљадолид со 2-1. Мрежите мируваа до пред полувремето, а тогаш Торес си даде автогол и домаќинот поведе (1-0). Перез на стартот на продолжението успеа да го израмни резултатот, додека победа на Севиља донесе Ејуке со гол во финишот од пресметката.