Родриго Залазар и Дарко Чулинов беа тандемот во нападот на Шалке 04 кој одлично соработуваше оваа сезона и со своите реализации го вратија тимот од Гелзенкирхен во Бундес Лигата.
Овој пат тандемот за победи на Шалке 04 потоа покажа дека има талент и во музиката.
Чурлинов и Залазар за навивачите на Шалке 04 ја пееја „Ла Бамба“, голем хит на Ричи Валенс.
И тоа го направија одлично, а симпатизерите на Шалке 04, но и останатите вљубеници во најважната споредна работа на светот со многу симпатии го коментираа и фудбалскиот и музичкиот перформанс на македонско-уругвајскиот тандем на тимот од Гелзенкирхен.
Чурлинов играше во Цвајта за Шалке 04 како позајмен играч од Штутгарт, па се уште не се знае дали ќе продолжи во тимот од Гелзенкирхен, или ќе се врати во екипата чиј член е под договор, но сигурно ќе игра во Бундеслигата во следната сезона.