Уругвајскиот интернационалец Луис Суарез го напушта Атлетико Мадрид, а би можел да се пресели во Премиер – лигата. Астон Вила е заинтересирана да го доведе извонредниот голгетер.

Според најави од Островот, Суарез добил покана на која тешко ќе каже „не“ и очигледно ќе стане дел од амбициозен проект. Стивен Џерард, кој одлично си ја врши работата на клупата на Астон Вила, врши огромен притисок на раководството да потпише договор со Суарез.

Клубот од Бирмингем пред неколку дена го ангажираше Фелипе Кутињо од Барселона и доведувањето на Луис Суарез сигурно ќе биде дополнителен чекор напред за следната сезона.

Поранешниот напаѓач на Барселона многу добро знае како е да се игра во Премиер – лигата со оглед дека неколку сезони играше за Ливерпул, а капитен му беше токму Џерард.