Завршното коло во Лига Европа денеска донесе нешто што досега во историјата на европските натпреварувања, откако се играат групни фази не е видено, сите четири екипи да завршат со – ист број на бодови.
Тоа што се појавуваше како можност во групата Ф во Лига Европа со Митјиланд, Феенорд, Лацио и Штурм, дека е можно сите да завршат со исто бодовно салдо се случи вечерва откако Феенорд со 1-0 го победи Лацио, а Митјиланд со 2-0 славеше на Штурм.
И при ваква табела во која сите заслужија да одат понатаму, дали во пролетни елиминации во Лига Европа или во Конференциската лига, небитно, на крај мораше еден да испадне, а несреќникот е Штурм од Грац и тоа само поради најслабата гол-разлика.
Статистичарите веднаш излегоа со податок дека првпат во историјата една група било да е ЛШ, Лига Европа или најтазе формираната Конференциска лига, завршува со четири екипи кои имаат идентичен бодовен скор.