Баерн Минхен е подготвен да инвестира во засилување во средниот ред, со оглед на фактот дека договорот на Корентан Толисо му истекува ова лето.
Според шпекулациите прв на листата на желби на Баварците е фудбалерот на Ајакс Рајан Гравенберх. За него се зборувало на неодамнешниот состанок на директорот на Баерн, Оливер Кан и агентот на фудбалерот, Мино Рајола.
Засега нема конкретна понуда или преговори, а актуелната цена на трансфер пазарот на младиот Холанѓанец е околу 30 милиони евра.