Судирот на Титаните во финалето на Мундијалот во Катар ќе се води помеѓу двете мегаѕвезди, Лионел Меси од Аргентина и Килијан Мбапе од Франција.
Двајцата фудбалери на ПСЖ ќе бидат главните фактори во битката за Златната Божица, односно највредниот пехар во светот на фудбалот, а ќе одлучуваат во директна битка и кој ќе ја освои Златната мундијалска копачка.
Мбапе со Франција го брани пехарот, освоен во Русија во 2018 година, а Меси атакува на првата своја шампионска светска круна.
И двајцата имаат постигнато по 5 гола и се лидери на листата најдобри стрелци, а Лео има предност пред стартот на финалето бидејќи според вториот критериум, ако останат израмнети со Мбапе со голови, тој е во предност бидејќи има 3 асистенции, една повеќе од ривалот и соиграч од Пари Сен Жермен.