Лука Модриќ го специјализираше „тривела“ додавањето и прерасна во вистински мајстор за оваа фудбалска техника, но очигледно истата веќе ја научил суперталентираниот англиски фудбалер.
Џуд на величествен начин го проигра Хоселу и му овозможи да се запише во листата на стрелците, а до крајот на дуелот го постигна и последниот гол за конечни 0:3.
– Се чувствувам многу добро, имам слобода во движењето и уживам во фудбалот. Секогаш кога го облекувам дресот на Реал Мадрид, се обидувам да го дадам најдоброто од себе.
– Асистенцијата? Веќе со месеци наназад го гледам Лука Модриќ секој ден на тренинзите. Се обидов да бидам креативен и ми успеа. Тоа ни го донесе потребниот мир и не ослободи од притисокот кој го имавме на стартот, – изјави Белингам.