Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз сигурно стигна до победа против Лоренцо Музети од Италија со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-2 за пласман во четвртфинале на турнирот во Пекинг, Кина.

На Алкараз му беа потрени 81 минута за да го совлада 18. тенисер во светот за трета победа во меѓусебните дуели со Италијанецот.

Алкараз за полуфинале ќе се бори против Каспер Руд, кој претходно го совлада Томас Мартин Ечеверија со 2-1 во сетови, односно 1-6, 7-5 и 7-6.