Илкај Гундоган играчот за врска, денеска официјално стана нов фудбалер на Барселона, откако потпиша двегодишен договор со каталонскиот гигант.
Гундоган во изминатите седум години играше за Манчестер сити, но сега реши дека е време за нов предизвик и не можеше да ја одбие понудата на Барселона.
Германецот во договорот со Барселона ќе има и опција за продолжување на соработката на уште една сезона.
https://twitter.com/FCBarcelona_es/status/1673239708464295937?s=20