Лионел Меси во интервју за „беИН спортс“ најави дека во следниот период ќе одмори една година од репрезентативните настапи и се фокусира на клупската кариера во Интер Мајами, а и семејството да се снајде во новата средина во САД.

„Се разбира дека веќе не сум истиот играч, каков што бев пред неколку години во Барселона. Првата сезона во Пари Сен Жермен беше многу тешка од повеќе причини,  но во втората година се чувствував помирен, важна улога имаше и Светското првенство. Веќе не ме интересираат личните рекорди. Најмногу ја сакав светската титула и ја освоив“ – вели Меси кој синоќа играше на прошталниот меч на Макси Родригес, и постигна три гола.