Ракометната репрезентација на Фарски Острови се пласира во четвртфинале на Светското првенство за играчи до 21 година. Ова е вистинско спортско чудо, бидејќи селекциите од оваа мала земја со околу 50.000 жители не се чест гостин на завршниците на турнирите во било кој спорт.
На Мундијалот кој се игра во Германија и Грција, Фараните запишаа четири победи во исто толку натпревари, а една од селекциите која ја совладаа беше и европскиот првак Шпанија. Тие си обезбедија место меѓу осумте најдобри победувајќи го Бразил со 33-27.
Фараните тргнаа во групата со Ангола, Јапонија и Шпанија. Изненадувачки ги добија сите три натпревари во таа фаза, па со една во главната рунда против Бразилците се пласираа во четвртфинале. Пред Фарските Острови е последниот дуел од групите против Португалија, во директна битка за првото место.
Ракометот зема голем замав во Фарските Острови, А репрезентацијата успеа да се пласира првпат на еден голем собир, па ќе игра на Европското првенство следната година во Германија.