Јапонија стигна до осминафинале и тоа на чудесен начин со два пресврти и тоа против два европски великани – Шпанија и Германија. Идентично ги победи со 2-1 за прво место во групата и дуел со Хрватска во осминафиналето на Мундијалот во Катар.
Вакво нешто какво што направи Јапонија не се случило пола век на Светските првенства, а последен пат триумф со два пресврти имаше Германија на СП во Мексико во 1970 година, а претходно само уште Бразил пред Втората светска војна – на СП 1938.
Јапонија сега влегува во друштво на најголемите и најтрофејните селекции и овој Мундијал вечно ќе го паметат.
https://twitter.com/OptaFranz/status/1598422143070511120?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1598422143070511120%7Ctwgr%5Eeea24e92cc8fa6de16ebf2b9650d4370483897a2%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fsvet%2Fjaponija-samo-treta-vo-istorija-koja-dvapati-pobedila-na-sp-so-presvrt