Фудбалската репрезентација на Македонија утре го пречекува Азербејџан во последниот пријателски натпревар оваа година. Тимот на Благоја Милевски нема да биде комплетен, ќе недостигаат Бојан Миовски и Езгијан Алиоски.
“Нема да бидеме комплетни. Ќе недостига Бојан Миовски поради повреда, а го ослободивме за овој меч и Езгјан Алиоски”, изјави селекторот Милевски.