По настапот на ЕП, следен предизвик за женската сениорска репрезентација на Македонија ќе биде баражот за Светско првенство во 2023 година.
Селекцијата на Украина ќе биде противник на Македонија во бараж двомечот за пласман на Мундијалот следната година.
Украинките мораа да играат претходно еден бараж, во кој на два пати го победија Луксембург, со 36-13 и 30-11.
Директно место на Мундијалот, покрај трите домаќини – Данска, Шведска и Норвешка, преку ЕП обезбедија и Црна Гора, Холандија и Франција.
Првиот натпревар ќе се одигра на 7/8 април во Македонија, додека реваншот ќе биде на 11/12 април веројатно на неутрален терен или евентуално двата меча би можеле да се одиграат во Македонија.
Десетте победници ќе се пласираат на СП што ќе се одржи од 30 ноември до 17 декември.