Искусниот стратег Звонко Шундовски привремено го презеде кормилото на пелистерци, а во првиот состав се врати словенечкиот среден бек Тајник.
Унгарскиот првак даде три гола за пет минути и дојде до плус 1-3 против пелистерци. Во продолжение, блескаше голманот Коралес кој фати неколку важни топки во нападите на македонскиот шампион.
Веспрем имаше позитива од 7-11, а на Еурофарм Пелистер не му помогна ниту расположениот Митревски кој имаше пет интервенции.
Во вториот дел Пасквал често ротираше, а Еурофарм Пелистер го имаше расположениот Никола Митревски, но сепак, до промена на резултатот не дојде. Битолчани константно беа во негатива и ниту еднаш не беа закана за противникот. Унгарскиот првак имаше водство од пет до седум гола , a главен играч во нападот беше средниот бек, поранешниот вардарец Лука Циндриќ. Пред крајот на мечот, црвен картон доби Никола Граховац од Веспрем, заради остар старт врз Петар Атанасијевиќ