И покрај лошата партија и спасот во последен час од пораз, Чесите денеска искажуваат (пре)голема самоувереност пред реваншот во Скопје.
„Вчерашниот меч беше многу тежок, отворивме лошо и нервозно, но се вративме во вистински момент и останавме непоразени. Самодовербата постепено ни се враќаше и знаев дека можеме да се вратиме во игра. Сега сум уверен дека ќе стигнеме до позитивен резултат во Скопје и дека ќе патуваме на Мундијалот“, вели Матијас Чолева, еден од чешките репрезентативци.
Средбата која ќе го даде одговорот која селекција ќе игра на СП 2023 ќе се одигра в недела во салата „Борис Трајковски“.