Вардар го заврши европскиот пат со реми кај Веспрем (31-31) во рамки на осминафиналето, а одлична партија имаше младиот чувар на мрежата Васил Гогов кој го водеше тимот од бездната до реми со неговите одбрани.
Една од интервенциите во Веспрем се најде и меѓу најдобрите пет на рундата. Гогов се најде на четвртото место, а одбраната е кога при еден влез на Лекаи, тој интервенираше во пад со раката.
Васил Гогов важи за голем голмански потенцијал, а минутажата во Вардар ја дели со Мартин Томовски и Борко Ристовски.