Унгарците на влез во последната четвртина од средбата имаа негатива од четири погодоци (20-24), но тоа не ги демотивира, па од тој момент направија серија 11-4, со која дури и дојдоа до убедлива предност која ја задржаа до самиот крај.
Омар со десет и Штрлек со осум гола беа најпрецизни кај Веспрем, додека Манасков немаше погодоци, а голманот Коралес запре 14 удари. Кај ПСЖ, Хансен даде седум, а Лука Карабатиќ пет гола.