Екипата на Вардар одигра само нерешено, 32-32, на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш и официјално се прости од борбата за титулата. Истовремено, екипата на Еурофарм Пелистер го совлада Охрид на гости со 28-25 и официјално е нов шампион на Македонија.

Еурофарм Пелистер сега има предност од пет бодови предност пред Вардар на само едно коло до крајот на првенството и без разлика на исходот од последниот натпревар, титулата после 18 години се сели во Битола.

https://youtu.be/Z64lt6K3Aaw

Екипата на Вардар на крајот може да остане и без втората позиција и директниот пласман во групите на ракометната Лига на Европа, доколку во последното коло загуби од Алкалоид.