Хрватска и Белгија во четврток ќе одиграат решавачки натпревар за пласман во осминафиналето.
Белгијците се во потешка позиција бидејќи имаат бод помалку од Хрватите и Мароканците кои ги чека средба со најслабата селекција во групата, Канада.
Лошите резултати во Катар доведоа до хаотични односи во белгискиот тим, а медиумите објавија дека играчите дури и се степале.
Ова на прес-конференцијата го демантираа капитенот Еден Азар и голманот Тибо Куртоа. За проблематичната ситуација зборуваше и Џеф Брауерс од тимот.
Тој во интервју за белгискиот медиум „Спорца“ ја осуди негативноста кај играчите и истакна дека само „создавањето позитивна атмосфера може да помогне“.
Брауерс соработува од далечина со играчите и предложи да се пушти видео од голот на Насер Чадли од 94. минута од осминафиналето на СП 2018 во Русија, со кој Белгија ја совлада Јапонија со 3:2 и се пласираше во четвртфиналето.
„Би било наивно да се тврди дека се е во ред кога не е. Американците се горди што играат за својата земја, Шпанците исто така, Ганците исто така, но Белгијците не се. Има претенциозни играчи, што понекогаш се збунети со гордост. Соиграчите меѓусебно се коментираат затоа што немаат доверба еден во друг. Луѓето се караат по фаза што треба да биде поттик за тимот“, рече Брауверс.
Брауверс верува дека негативната атмосфера може да се сврти на краток рок доколку играчите почнат да размислуваат поинаку.
„Само создавањето на позитивна атмосфера може да помогне. Со тимот каков што беше против Канада и Мароко, нема да се успее“, изјави белгискиот психолог.
„Тимот треба да се потсети на убавите времиња. Затоа предложив да се прикажат снимките од голот на Чадли против Јапонија. Тоа е совршена претстава за тоа што е фудбалот. Има многу несвесна тензија на таков турнир. Селекторот и играчите треба да разговараат меѓу себе и да го стават на маса она што имаат да го кажат“, објасни Брауерс.
“Се работи за меѓусебна доверба. Важно е да се води долг професионален разговор. Сега најважно е да се зборува за фудбалот и да се коригираат резултатите. Можете да успеете само ако играчите имаат страст и ако се упорни и истрајни”, додаваат од претставник психолог.
Белгија го отвори Светското првенство со неверојатна победа над Канада (1:0), по што загуби од Мароко (2:0).
Со три бода е на третото место во групата Ф, а Хрватска и Мароко имаат по четири.
На Белгија и е потребна победа над Хрватска, светскиот вицешампион за да се пласира во осминафиналето.