Маначестер Сити ја оствари осмата победа во Премиер – лигата оваа сезона откако на „Итихад“ го совлада Евертон со 3-0. Тимот на Пеп Гвардиола го следи лидерот Челси и повторно заостанува три бода.

Рахим Стерлинг го постигна водечкиот гол за „граѓаните“ во 44.минута. На почетокот на вториот дел Родри со силен удар од далечина зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Бернардо Силва во 86.минута од дуелот.