Реал Мадрид ја оствари деветтата победа во Ла Лига оваа сезона откако лесно и убедливо ја совлада Гранада на гости со 1-4. „Кралевите“ немаа речиси никакви проблеми да дојдат до триумф на овој меч, по што повторно се и на врвот на табелата со 30 освоени бода.
Марко Асенсио во 19.минута и Начо Фернандез шест минути подоцна донесоа два гола позитива, а Гранада намали преку Луис Суарез до крајот на полувремето.
Но, Винисиус Жуниор и Ферланд Менди ги расчистија дилемите околу победникот во вториот дел. Гранада од 67.минута играше и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Мончу.