Екипата на Ливерпул е нов лидер во Премиер лигата откако го оправда статусот на фаворит во пресметката со Вулверхемптон.
„Црвените“ славеа на гости со 2-1 на „Молињу“ и сега со учинок 5-1 (победи/порази) се искачија на лидерската позиција во англискиот шампионат пред Манчестер Сити и Арсенал кои имаат по 14 бодови.
Конате во судиското продолжение на првиот дел беше стрелец за водство на Ливерпул, но Французинот беше главен виновник што домаќините го израмнија резултатот во 56 минута.
Само што започна вториот дел Аит-Ноури израмни на 1-1. Сепак, „црвените“ експресно ја вратија предноста на своја страна и Салах во 61. минута ги постави конечните 1-2. За египетската ѕвезда ова беше четврти погодок во Премиер лигата оваа сезона и со тоа е најдобар стрелец на Ливерпул.
Во следното коло Ливерпул гостува кај Кристал Палас, додека „волците“ прв плен ќе ловат на гости кај Брентфорд.