Фудбалерите на Црвена звезда го совладаа тимот на Партизан со 2-0 на стадионот „Рајко Митиќ“, во дербито во рамките на 24. коло од српската Суперлига.
Актуелниот шампион славеше со головите на Охи Омоијуанфо во 30. минута и Александар Катаи во 43. минута.
Избраниците на Дејан Станковиќ со тоа целосно се вратија во трката за титулата и сега имаат 63 бода, два помалку од црно-белите кои го претрпеа првиот пораз во националниот шампионат.
Избраниците на Александар Станојевиќ во пресрет на овој натпревар можеа да се пофалат со подобра форма, односно игра, но тоа не го прикажаа во 166. „вечно“ дерби.
Особено пасивни и безопасни беа во првото полувреме, кога Звезда ги постигна двата гола.
Партизан продолжи да притиска, обидувајќи се да ја направи играта повозбудлива, но не успеа.
До крајот на мечот остана со десет играчи, по вториот жолт картон за Саша Здјелар во 86. минута, кој со две нозе стартуваше над Гелор Канга.
Црвено-белите беа поагресивни на стартот од дуелот, но речиси и да немаше шанси во првите петнаесетина минути.
Првата сериозна шанса ја промаши Квинси Мениг во 20. минута, а му претходеше загубената топка на Гелор Канга, кој во неволја го доведе Кристијано Пичини.
Брзоногиот напаѓач на Партизан истрча по левата страна, ја доби топката од Гомез, а потоа шутираше недоволно силно и прецизно, па Борјан го искористи тоа и одлично интервенираше.
По таа можност за гостите Звезда почна да врши притисок, дојдоа до неколку корнери, но изостана посериозна закана за Поповиќ.
Во 30. минута Родиќ центрираше од левата страна, Катаи се обиде со глава, а потоа по недоволно добрата одбрана на Поповиќ, Охи натрча и ја погоди мрежата на црно-белите.
По жолтите картони, за Јојиќ, односно Срниќ, Катаи имаше шанса да ја удвои предноста на својот тим.
Истиот играч центрираше во шеснаесетникот на Партизан неколку минути подоцна, топката ги прелета сите и заврши на неколку сантиметри од стативата.
Доколку во тие два наврати не беше на висина на задачата, беше во 43. минута. Срниќ беше во шеснаесетникот, од левата страна се обиде да пронајде еден од соиграчите, но безуспешно.
За негова среќа, Здјелар реагираше лошо, ја намести топката за Катаи, која со силен удар биеше неодбранливо за Поповиќ и донесе водство 2:0 на Звезда.
Пред почетокот на вториот дел од натпреварот, стратегот на црно-белите во соблекувалната ги остави Натхо, Милетиќ и Мениг, кои на теренот беа заменети со Марковиќ, Јевтовиќ и Живковиќ.
Партизан делуваше подобро во воведните 15 минути, ја притисна Звезда, одигра поофанзивно, воспостави подобра игра, но немаше шанси. Се обиде само Јојиќ со глава, односно Здјелар од далечина.
Партизан побара пенал во 60. минута, откако играше со рака Ераковиќ во неговиот шеснаесетник.
Тој беше погоден од топката по одбивањето од тревата, но Јовановиќ само одмавна со раката. Од ВАР-собата немаше никакви реакции.
Само една минута подоцна, Поповиќ уште еднаш покажа несигурност. По ударот на Иваниќ имаше многу проблеми да ја фати топката во раце, а тоа го направи од вториот обид, на гол-линијата.
Звезда се обиде да го убие ритамот на игра, иницијативата му ја препушти на ривалот, кој неуспешно се обидуваше да стигне барем до еден гол, кој ќе го потресе домашниот тим.
Звезда успеа да ги одбие сите напади на Партизан, чиј капитен, Саша Здјелар мораше порано да го заврши натпреварот, поради вториот жолт картон во 86. минута.
До крајот на мечот Звезда можеше да го постигне и трет гол, Мирко Иваниќ сакаше да го лобува Поповиќ во ситуација „1 на 1“, но безуспешно.
Во продолжението дебитираше младиот Немања Мотика кој го замени Гелор Канга.
Следното коло ни носи натпревари меѓу Вождовац и Звезда, односно Партизан и Младост од Лучани.