Џиџи Бекали со децении е прв човек на Стеауа, легендарниот романски клуб кој поради конфликт со националната армија, мораше да се преименува во ФЦСБ на крајот на 2017-та година.
Големиот работник на средниот ред постигнал договор со ФЦСБ и тоа официјално го потврди и Џиџи Бекали, кој во гостувањето за „Про Арена“, говорел за квалитетите кои може да ги понуди Македонецот во неговиот тим.
– Точно е, се договоривме со Николов. Да видиме како ќе се развива тимот со Николов во поставата. Бобан е играч кој добро додава и брзо се рекуперира на теренот. Тоа е она што го сакам, тој тешко ја губи топката.
– Прифаќа напорна работа и се согласи на една година договор, со опција за плус уште две. Во моментов барам играч кој ќе диригира со тимот, а Николов секако е големо засилување за средината, – изјавил Џиџи Бекали.