Унгарските кошаркари ја совладаа Црна Гора со 88:84, во натпреварот од четвртото коло од квалификациите за Светското првенство.
Унгарците направија големо изненадување во Подгорица, бидејќи Црногорците беа очигледни фаворити.
Сега двете репрезентации имаат по две победи и два порази.
Франција е прва во групата со сите три победи од три одиграни натпревари.
Унгарија до победата ја предводеа Перл и Варади со по 17 поени.
Кај Црна Гора се истакнаа Кобс со 21 и Михаиловиќ со 18 поени.