Кошаркарите на Реал Мадрид ја започнаа новата сезона во Шпанија со трофеј. Тие вечерва во вистинска кошаркарска драма славеа по продолженија во финалето на шпанскиот Суперкуп победувајќи ја Барселона со 89:83.
Тоа беше одличен натпревар кој донесе многу пресврти, но на крајот им припадна на „кралевите“ кои го освоија својот петти последователен шпански Суперкуп.
Тавареш со 24 поени и 12 скока беше извонреден кај Реал, а одличен беше и Џанан Муса со 19 поени.
Во поразениот тим Сертач Шанли постигна 21 поен, Никола Калиниќ имаше осум и седум скокови.