Кадетите на Македонија во кошарка триумфираа со 75-74 против Шведска во второто коло на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се игра во Скопје.
Шведска ја доби првата четвртина со 17-13, по што Македонија се созеде во втората четвртина и до полувреме стигна до 40-36.
Во второто полувреме се водеше голема борба и неизвесно беше до крајот на регуларниот дел кој заврши нерешено (67-67), по што на продолженија славеше Македонија со 75-74.
Ѓорѓи Цветковски беше најефикасен кај Македонија со 20 поени, додека Рубен Молемарк постигна 22 поени за Шведска.