По изведување на пенали Манчестер Сити стигна до трофејот во Комјунити Шилд против градскиот ривал Манчестер Јунајтед.
Се што беше интересно во денешното дерби на градските ривали видовме во самата завршница од натпреварот и во главна улога беа фудбалерите кои влегоа од клупата за резерви.
Прво Гарначо кој на теренот влезе во 59. минута постигна гол во 82. минута, а седум минути подоцна Бернардо Силва по нафрлувањето на Боб со глава го совлада Онана за 1:1.
Во Комјунити Шилд продолженија не се играат, па така тоа значеше дека победникот ќе се решава со изведување на пенали. Во пенал серијата за Сити не погоди Силва, додека за Јунајтед непрецизни беа Санчо и Еванс.