Македонскиот напаѓач Бојан Миовски денеска не настапи за Абердин во победата против Сент Мирен, исто како и во првото коло кога остана на клупата, а по натпреварот стигна потврда дека причината е неговиот трансфер во Жирона.
Извонредниот голгетер иако не беше на теренот, навивачите го поздравија со песна и од трибините ечеше неговото име, додека македонскиот напаѓач во солзи се збогуваше од шкотскиот тим. Неговиот трансфер во Жирона би требало да биде комплетиран во текот на следната недела.
https://twitter.com/i/status/1822665090098774492
https://twitter.com/i/status/1822677120994230479