Новак Ѓоковиќ на стартот од новата сезона ќе патува во Австралија! Познат е списокот на учесници на АТП купот кој од 1 до 9 јануари се игра во Сиднеј, а на него е и српскиот ас.
Секако, постои можност Ноле да го откаже учеството, но очигледно неговото патување во Австралија е планирано штом се најде на списокот со учесници.
Сепак, АТП купот се игра во Сиднеј, каде што мерките не се толку ригорозни во однос на вакцинацијата, како што е случајот со Мелбурн. Доколку веќе реши да патува во Австралија, Ѓоковиќ најверојатно ќе игра и на Австралија Опен, бидејќи илузорно е да се оди таму само за натпреварување кое нема речиси никаква важност (АТП куп).
Покрај Новак Ѓоковиќ, за АТП купот за Србија се пријавија и Душан Лајовиќ и Филип Крајиновиќ.