Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно се поврзува со голманската позиција во Барселона. Откако пред две години пропадна неговиот трансфер на „Камп Ноу“, сега повторно се споменува како можна замена за повредениот Марк-Андре Тер Штеген.
Димитриевски би дошол на позајмица од тимот на Валенсија во Барселона во вториот дел од сезоната , со оглед дека грузиецот Ѓорги Мамардашвили остана во клубот и ќе направи трансфер во Ливерпул дури следното лето. Инаку, Столе Димитриевски беше подготвуван за прв голман на Валенсија.
Спортскиот директор Деко и тренерот Ханси Флик допрва ќе треба да решат што ќе прават со голманската позиција, а Димитриевски е една од сериозните опции.
Димитриевски е е една од трите опции за трансфер во јануари, заедно со Алваро Валес и Ѓилерме Рестес.
Постои можност Барселона и веднаш да ангажира слободен агент кој би ја пополнил голманската позиција, во моментот такви опции се Кејлор Навас, Лорис Кариус и Војчех Шчесни, кој прогласи крај на кариерата пред два месеци.