Манчестер Јунајтед се подготвува за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, а под голем под знак прашалник е настапот на Бруно Фернандез и Лук Шо .
Ралф Рангник има проблеми во пресрет на реваншот против Атлетико Мадрид. Бруно Фернандес и Лук Шо беа позитивни на коронавирус и двајцата го пропуштија саботниот натпревар против Тотенхем поради таа причина.
Давид де Хеа исто така првично беше позитивен, но беше негативен на повторените тестирања, па играше против Тотенхем.
„Шо би можел да се приклучи на тренинг кампот во понеделник, а ние треба да почекаме со Бруно, се надеваме дека ќе може во вторник. Двајцата најверојатно ќе бидат под знак прашалник до последен момент за да играат против Атлетико“, рече Рангник.
Инаку, првиот натпревар меѓу Атлетико и Манчестер заврши 1:1, а секако причина за задоволство во пресрет на овој натпревар е настапот на Кристијано Роналдо против Спарс, каде конечно беше оној вистинскиот и постигна хет-трик.