Актуелниот француски првак Пари Сен Жермен во ефикасен натпревар со шест гола на свој терен славеше победа против Стразбур со 4-2.

Во првите 45 минути имаше само еден гол кој беше дело на Мајулу по 18 минути игра, а преостанатите пет беа постигнати во вториот дело.

Асенсио на самиот старт во 47. минута донесе водство од 2-0, додека десет минути подоцна Мара го постигна првиот гол за гостите. Се играше 66. минута кога Баркола го врати водството од два гола на ПСЖ (3-1).

Последните два голови беа постигнати во самата завршница, прво Ли Канг-Ин стрелаше за 4-1, па Диоњ ги постави конечние 4-2.

Головите погледнете ги ТУКА