Извонредните повеќе од сто минути во африканско-азиската пресметка во која безмалку секој напад беше можност за гол, Кудус со два гола ја водеше Гана до триумфот, а голманот Атизиги со неколку извонредни интервенции не дозволи Корејците да се извадат за бод од пресметката откако еднаш успеаа да надополнат два гола негатива од првиот дел.
Откако дваесетина минути беа поагилни и тргнаа во напад за водство, Гана преку Мохамед Салису во 25-та и првиот на Кудус во 34-та дојде до водство од 2-0 на полувреме, па ако се очекуваше дека се близу до триумф, Чо набрзина со два гола за три минути (58. и 61.) донесе егал за Кореја.
Но, седум минути траеше радоста, зашто Кудус даде втор во 69-та за ново водство на Гана, по што уште повеќе зовре битката во која Корејците направија сѐ за да дојдат до трет гол и израмнување, но не успеаа во дузината напади, што поради Атизиги со низа одбрани, и поради изблокираните удари на дефанзивата на Африканците.
Гана со победата сега бодовно се израмни со Португалија, која од 20 часог го игра дербито со Уругвај, кој има бод, исто како и Ј.Кореја која остана на еден бод. Иако немаат победа од два меча, Кореја не е елиминирана и сѐ уште има шанса за осминафинале, но ќе треба да бркаат победа против Роналдо и другарите во последното коло во кое Уругвај ќе се соочи со Гана.