Ралф Рангник ја презеде клупата на Манчестер Јунајтед, но германскиот стручњак е само привремено решение за клубот од Олд Трафорд.
На крајот од сезоната Јунајтед ќе донесе нов менаџер, а Рангник ќе има советодавна улога во следните две години. Иако тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино досега беше фаворит за менаџерската позиција, Телеграф тврди дека Јунајтед размислува да го доведе Роберт Манчини.
Манчини е италијански селектор од 2018 година и годинава со Италијанците го освои Европското првенство, но преку квалификациите за СП не успеа да избори директен пласман. Манчини и Италија чекаат дополнителни квалификации со Македонија, а Јунајтед токму во тоа ја гледа својата можност. Доколку Манчини не го освои Светското првенство кое во ноември следната година ќе се одржи во Катар, тогаш следното лето би можел да дојде на „Олд Трафорд“.
Манчини ја започна својата тренерска кариера во Лацио во 2000 година. Подоцна ги водеше Интер и Фиорентина во Италија, а четири години беше тренер на градскиот ривал на Јунајтед Сити, а во 2012 година на клубот му ја донесе првата титула во Англија по 44 години.
Јунајтед се поврзува и со Брендан Роџерс од Лестер и Ерик тен Хаг од Ајакс.