Златан Ибрахимовиќ во интервју за Corriere dello Serra ги откри најтешките моменти од својот живот. Неговиот брат Шапко почина пред седум години.
„Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија. Секој ден добиваше вести за тоа како некој што го познавал бил убиен. Тој им помагал на бегалците и секогаш се обидувал да ме заштити од сето тоа. Кога неговата сестра почина во Шведска не ми доволи да отидам на погреб. Но кога брат ми Шапко умре од леукемија отидов. Брат ми ме очекуваше и последниот здив до испушти пред мене Го закопавме по муслимански обичаи. Татко ми не пушти солза. Следниот ден утрото сам отиде до гробиштата и плачеше до вечерта.
“Не верувам во Бог. Само во себе. Така научив да ја претворам омразата кон себе во оружје”.
„Како дете бев тежок и проблематичен. Штом сум се родил, бабицата ме испуштила на подот од метар висина. Целиот мој живот беше тежок. На училиште бев поинаков. Другите беа плави, со светли очи и нормален нос. Бев темен, со голем нос. Зборував поинаку од нив, различно се движев. Родителите на моите школски другари потпишаа петиција да ме избркаат од настава. Секогаш бев омразен. И на почетокот лошо реагирав. Ќе се изолирав. Подоцна научив да страдам и да ја претворам омразата во сила“.
„Јас сум Швеѓанец, но од мешано потекло. Мајка ми е хрватски католик, татко ми од БиХ и муслиман, и иако поголемиот дел од кариерата ја поминав во Италија, моите најрани сеќавања се од Југославија. Ме одведоа од таму како дете. Тоа беше комунизам. Друг свет“.
Го раскажа и инцидентот со Ромелу Лукакуа, кога за малку физички ќе се пресметаа на дербито меѓу Интер и Милан.
“Тој се расправаше прво со Ромањоли, а потоа и со Саелемејкерс. Јас реагирав за да го заштитам мојот соиграч, а потоа тој почна да ме навредува на лична основа. Бев шокиран, а ние бевме соиграчи во Јунајтед. Лукаку има големо его, тој е убеден дека е светска класа и навистина е силен. Но, јас пораснав во гето и кога некој ќе ми пријде со крената глава, се спротиставувам. Затоа му ја спомнав мајка му и тој изгуби контрола. Се надевам дека ќе се сретнеме наскоро. Овие работи се решаваат на терен. Не мразам никого, дури ни Лукаку“.