Кристијано Роналдо официјално се приклучува во тимот на Оле Гунар Солскјер. Португалскиот ас беше поврзуван со Реал Мадрид и Манчестер Сити но Гвардиола стави вето за овој трансфер па настаните добија сосема нов тек, кој на крај резултираше со повраток на Роналдо во клубот каде од 2003 до 2009 прерасна во супер ѕвезда.
Според светските медиуми, клучна улога во трансферот на Роналдо одиграл Сер Алекс Фергусон, кој со еден телефонски повик успеал да го убеди Роналдо на кам-бек. Секако тука се вклучил и сонародникот Бруно Фернандеш кој долго разговарал со него во претходните денови.