Енис Барди влезе во игра во второто полувреме и оостигна гол од пенал, но неговиот Трабзонспор загуби на свој терен со 3-4 од Кајсериспор во меч со седум голови.
Барди го загуби првотимскиот статус во Трабзон, па ретко може да се израдува на гол, но таков беше денешниот ден, иако неговиот тим загуби.
Барди во игра влезе на почетокот од второто полувреме и девет минути подоцна погоди од пенал за израмнување на 3-3. Сепак до крајот на мечот неговиот тим прими уште еден гол и загуби со 3-4.