Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд веќе се навикна да соборува голгетерски рекорди, а сега дојде на ред и едно од постигнувањата кои ќе му значат во кариерата.
Норвешката ѕвезда го постигна првиот гол на дуелот со Словенија уште во 7. минута, а реализира вторпат во второто полувреме, со што стигна до бројката од 34 постигнати голови за националниот тим.
Со ова Халанд се искачи на првото место на вечната листа на најдобри стрелци во историјата на норвешката репрезентација, оставајќи го зад себе Јорген Јуве, кој беше сопственик на рекордот речиси цел век, односно од далечната 1934 година.
Првиот гол на Халанд погледнете го ТУКА
Вториот гол погледнете го ТУКА