Македонија триумфираше над Белгија со 63-57 во натпревар од првото коло на ЕП за кошаркари до 16 години, кое се игра во Скопје.
Во салата на СРЦ Кале, избраниците на селекторот Александар Јованчев со голема помош од публиката, заслужено се радуваа на големата победа. Во нашата група, освен Македонија и Белгија, се уште и Франција и Литванија кои од 21 часот го почнуваат својот меѓусебен дуел.
Најдобар играч во У16 селекцијата на Македонија беше Доријан Ивановски со 16 поени, 5 асистенции и четири скока. Двоцифрен број на поени имаа и Дамјан Ивановски, Никола Јаничиќ и Сергеј Петровиќ.