Нaјугледниот спортски весник во светот, париски Л’Екип, носи бомбастични вести.

ПСЖ подготвил пакет од 300 милиони евра за да го надомести заминувањето на Килијан Мбапе во Реал со Ерлинг Халанд на лето.

Така, ПСЖ спектакуларно би се вклопил во она што досега се гледаше како борба помеѓу Реал Мадрид и Барселона за него.

Л’Екип наведува дека бројката вклучува: обештетување за Борусија Дортмунд, кое се очекува да биде меѓу 75 и 100 милиони евра, потоа провизии на агентот на Халанд Мино Раиоли и таткото на играчот Алф-Инге, додека годишната плата на генијалниот млад  голгетер ќе биде 30 мил.

Пред две години Халанд дојде во Дортмунд со обештетување од 20 милиони евра за Салцбург, за кој на 75 натпревари постигна 76 гола.