Челзи потпиша шестгодишен договор со младиот играч на Астон Вила, Карни Чуквуемека, објавија во четвртокот двата клуба од Премиер лигата. Финансиските детали за трансферот не се објавени, но британските медиуми објавија дека трансферот на младиот играч за врска е вреден 20 милиони фунти.
Чуквуемека се приклучи на академијата на Вила од Нортемптон Таун во 2016 година и го имаше своето деби за сениорите во 2021 година. Минатата сезона играше 12 пати во лигата за Астон Вила, која ја заврши сезоната на 14-то место.
„Беше прилично бурно, но не можев да го тргнам Челзи од глава во последните неколку дена, па среќен сум и многу ми олесна што е се готово“, изјави 18-годишниот Чуквуемека.
„Толку сум возбуден и едвај чекам да излезам на теренот, да се сретнам со сите играчи и да се обидам да освојам трофеи со Челзи“.
Чуквуемека, кој минатиот месец го освои Европското првенство за играчи до 19 години со Англија, станува четвртото засилување на Челзи во тековниот преоден рок. Челзи во сабота ја започнува новата сезона против Евертон.