Шпанските репрезентативци доживеаја шлаканица за паметење бидејќи доживеаја елиминација во осминафиналето на Мундијалот по поразот од Мароко, кој беше подобар во пенал рулетот и заслужено се пласираше во четвртфиналето.
Мароканците одиграа одличен натпревар против Шпанија во кој го оставија срцето на теренот и успеаја да ја сочуваат мрежата во 120 минути игра, а потоа победија на пенали и продолжија понатаму.
За Шпанија ова е огромен удар бидејќи Црвената фурија беше огромен фаворит во оваа пресметка, а многумина веќе беа сигурни дека ќе оди во следната рунда на Мундијалот.
Но, Мароко на крајот покажа дека не случајно ја мина групната фаза и дека има тим подготвен за големи работи, а победата против Шпанија сигурно ќе биде напишана со златни букви.
Овој пораз сигурно најмногу ќе го погоди Луис Енрике и нема да биде изненадување доколку добие отказ од селекторската функција на Шпанија.
Не толку поради поразот од Мароко, туку поради фактот што Енрике и играчите на Шпанија свесно загубија од Јапонија во последното коло од групната фаза за да имаат полесна ждрепка во нокаут фазата, но сега тоа им се удри од глава.
Откако Хакими го постигна голот за победа на Мароко, камерите го снимија Луис Енрике, а неговиот израз на лицето најдобро покажа колку е шокиран од вечерашниот пораз во осминафиналето.
Сепак, на крајот Енрике беше жестоко казнет затоа што калкулираше пред осминафиналето и што Шпанците не ја победија Јапонија.
Ова секако и даде дополнителен мотив на репрезентативците на Мароко, кој претходно сите веќе го отпишаа, но денеска со својата херојска игра и борба и напредување успеаја да ја направат најголемата сензација во нокаут фазата.
Во четвртфиналето на Мундијалот Мароко ќе игра против подобрата селекција од мечот меѓу Португалија и Швајцарија, која се среќава вечерва од 20 часот.