Јаник Синер двапати бил позитивен на допинг тест, но и покрај тоа не е суспендиран, откако беше одлучено дека тој не е виновен за целата ситуација, туку целата вина беше префрлена на неговиот физиотерапевт, Џакомо Налди.
Но, ова е само доказ за двојниот аршин на АТП, со оглед што неговиот сонародник, Стефано Баталино, бил суспендиран на четири години, откако му е пронајдена истата супстанца клотеболот во крвта и кој и тврдел дека контаминацијата настанала на идентичен начин како и најдобриот во светот во моментов.
Баталино не можел да ја утврди својата невиност бидејќи физиотерапевтот одбил да сведочи, па тенисерот ги немал потребните докази пред комисијата. Нему му е забрането да игра турнири и исто така да присуствува на кој било тениски настан.